v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  22.08.2021 Македонија 

 ??????? ???? ?????????

'' Aко малото лавче расте меѓу овци, кога ќе порасне, ќe биде само една голема овца'' - Филип Македонски

 

??????? ???? ????????? Војвода Бигленски и Лерински

Стефан Атанасов Ролев (с. Врбени, Леринско, 15.08.1865 – Битола, 24.12.1969) – македонски револуционерен деец, војвода на ВМOРО и еден од од најсестраните македонски спортисти на сите времиња. Бил член на ВМOРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во 1903 година, во Леринско.
Војводата Стефан Ролев „Железниот Ролев", е еден од зачетниците на македонскиот спорт.

??????? ???? ????????? 



Патувал во повеќе европски земји и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките вештини и спортот. Како учител по гимнастика бил еден од најистакнатите педагози и дејци во областа: на физичката култура во Битола и Македонија. Здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата „Бигленски јунак“ во Лерин и „Пелистерски јунак“ во Битола (1908 – 1912). Се залагал за популаризација на повеќе спортови. Приредувал јавни настапи во боречките спортови и вештини

Стефан Атанасов Ролев е роден на 15 август 1865 година во Леринското село Врбени (Екши-су), Егејска Македонија. Детството го минува во родното место. Се стекнал со основно образование, а подоцна школувањето го продолжил во Битола каде завршил егзархиска гимназија. Од бога, неговото тело било надарено со атлетска конституција, а вежбајќи со текот на времето се стекнал со извонредна физичка сила. Кај населението ќе стане познат како „Железниот Ролев".

Поседувајќи извонредни физички предиспозиции Стефан Ролев земал активно учество на спортските манифестации кои се организирале за време на црковните и други собири. Овие манифестации биле уште повеќе потикнувани по формирањето на Македонската револуционерна организација. Градските и селските комитети ТМОРО/ВМРО обрнувале големо внимание кон народните форми на спортските активности и го потикнувале народот да ги негува овие спортски манифестации и масовно да учествува во натпреварите.

Стефан Ролев во 1901 – 1902 година влегол во четата на Марко Лерински. Паралелно со агитациско-организационите активности четата на Лерински вршела и воени обуки. Со формирањето на вооружените чети, во духот на старите ајдучки традиции, во нив повремено биле организирани натпревари во трчање, скокање од место, со залет и троскок, фрлање на камен, борење, мечување, борење со стапови, стрелање и друго. Биле изведувани и воено и тактички вежби (талими) и во училиштата. Во овие активности предничеле комитетите и четите во Битолскиот вилает.

Строгоста и железната дисциплина која ја вовел Марко Лерински во четата му одговараат на Стефан Ралев. За време на обуките Ралев се стекнал со повеќе воени вештини, а уморот од прекумерната обука го челичат неговото тело. Истовремено тој се стекнал со самодисциплина која ќе му овозможи не само да приготвува пеколни машини и бомби, туку и да ги изведува најсложените доверени задачи, како и да командува со чета.

Ралев Стефан и Леко Церовчето во 1902 год . го ликвидираа Ибраим бег за извршените гнасни престапи на свадбата во с. Крушоради (се граничи со Живојно) .

За време на Илинденското востание во 1903 година, како и во ослободителните борби на македонскиот народ во постилинденскиот период, Стефан Ролев како Војвода на чета зел активно учество. Ролев бил познат како „Војвода Бигленски и Лерински“. По востанието и демобилизирањето на четите, Ралев емигрира. Патува со спортска група низ Европа и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките и други спортски вештини меѓу кои: акробатиката, атлетиката, кревање на товар, борењето и боксот.

Откако младоста ја поминал како револуционер во борбата за ослободување на македонскиот народ, по враќањето во Македонија, животот го посветил на спортот. По Младотурската револуција во 1908 година, на негова иницијатива прво го основал гимнастичкото друштво „Бигленски јунак“ во Лерин, а потоа во Битола и гимнастичкото друштво „Пелистерски јунак". Во периодот од 1908 до 1912 година, Ролев како искусен педагог, здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата. Всушност тој бил еден од првите македонски спортисти и педагози кој преку друштвата „Бигленски јунак“ и „Пелистерски јунак“ ја развива физичката култура во Македонија.

??????? ???? ?????????

Членовите на „Пелистерски јунак“ носеле свои клупски униформи, се занимавале со строеви вежби, со вежби на подвижни справи и со многу спортски и културно-уметнички активности. „Железниот Ролев“, како основач и рководител на друштвото, покрај тоа што приредувал јавни настапи во Битола, на кои биле застапени културно-спортските активности, како атракција често пати знал пред јавноста да крши камен на градите, виткал железо и сл.

??????? ???? ?????????

Во Битола, уште во времето на младотурскиот режим, Стефан Ролев го организирал првиот бокс-меч. Мечот го одржал со спаринг партнер, кој боксерската вештина ја научил за време на престојот во Индијанополис во САД. Боксерските ракавици ги обезбедил битолскиот апотекар Крсте Франго, а самиот меч го забележала и филмската камера „300“ на браќата Манаки.

??????? ???? ?????????

Во 1911 година, Ролев повторно се преобразува од мирен педагог и спортист во револуционер и се подготвувал да изведе атентат на султанот Мехмед 5-ти за време на неговата посета на Битола. Но, влијателни луѓе на Организацијата, кои не сакале непотребни крвопролевања во градот, успеале да го спречат во неговата намера.

Во 1911 година е направен неуспешен обид за атентат над него.

Стефан Ролев во текот на својот живот, често приредувал бројни јавни настапи во боречките спортови и вештини, а организирал и егзибиции. на велосипеди и мотоцикли и масовни планинарски походи на Пелистер. „Дедо Роле“ кој бил омилен меѓу децата и младината, своите последни години Ролев ги поминал во Битола. Честопати знаел да им раскажува за своето бурно минато исполнето со авантури.

Во едно интервју ќе остане забележана неговата изјава: „Бев терорист, ја пренесов бомбата по тајниот ходник до Отоман банка, комита, војвода и мировен судија за нашето население. Го ликвидирав Али Черкезот наречен `Лерински тиранин`, злогласениот Ибраим наречен `крволак`. Турците ме нарекоа „човек – ѕвер“. Оти бев многу силен, вистински јунак, бестрашен и ризичен тип, склон кон авантури. За Македонија жив во оган ќе влезев, ако тоа Организацијата ми го наредеше. Но истовремено ги проучував фискултурните системи на Англија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Полска и Чехословачка. Давав јавни –атлетски приредби со учениците за Битолчани... Мислам дека мојот живот корисно го одживеав, ставајќи го на олтарот на Македонија.“

??????? ???? ?????????

Стефан Ролев живеел 104 години. Починал на 24 декември 1969 година во Битола.





         

 

 

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА (ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА . ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.